а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пропадне

пропаднат; пропадни, пропаднете; пропаднав, пропаднаа; пропаднал; пропаднала, пропаднат; пропаднев, пропаднеа; пропаднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2873
1. Падне длабоко во нешто (дупка, снег, јама).
Англиски: sink Албански: bie
Примери:
Стапна и ногата му пропадна до глуждот во кал.
2. исчезне, се загуби
Англиски: disappear Албански: zhduk
Примери:
Човекот пропаднал во коријата.
3. Доживее пропаст.
Англиски: die out Албански: shuhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Прекрасни занаети пропаднаа, немаше кој да ги наследи.
4. Не успее, не се исполни (план, надеж, желба).
Англиски: forfeit Албански: humb
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговите планови пропаднаа уште при првата средба со девојката.
Пропадна неговата илузија дека сепак еден ден ќе ископа злато.
5. За конкурс, избор, испит и сл.
Примери:
Тендерот за нови електрани пропадна поради неточни податоци.
Пропадна конкурсот за нов директор.
6. Помине залудно, без резултати.
Англиски: forfeit Албански: humb
Примери:
Ете, ни пропадна уште еден ден.
7. Изгуби пари, имот.
Англиски: bankrupt Албански: falimentoj
Примери:
Му пропаднаа сите пари во една погрешна зделка.
Тој сосема пропадна, нема ни од што да живее.
8. Изгуби чувство на достоинство, чест; морално падне.
Англиски: ruin Албански: rrënoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Откако умре жена му, тој пропадна.
9. Потоне во вода, течност.
Англиски: sink Албански: fundos
Примери:
Бротчето се превртело и пропаднало во близината на пристаништето.
Чамецот се превртел, двајца успеале да се спасат, а двајца пропаднале во езерските длабочини.
Изрази
Во земја пропадна - чувство на голем срам и непријатност од нешто.
Изведенки
1. пропаднува несв.
пропаднуваат
2. пропаднување ср.
глаг. им.