отпадне св.

отпадне (св.)

- Ох, ајде братко! Ми отпадна рамово!... - го подгони оддолу друг работник, свиткан до самите скали, под товарот на тулите, поредени врз дрвеното самарче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отпаднаа всушност сите ѕидови сѐ што беше вертикално, се слизнаа надолу во некоја бездна, и , кога погледнав преку еден од паднатите ѕидови, видов како куќата ми виси во еден празен простор под неа, еден бескрајно празен простор под неа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Израстоците отпаднаа еден ден, ги најдов насекаде по чаршавот, како трошки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во една дупка останата на местото од отпаднат камен, прстите ми застанаа на ладен метал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Старото дуќанче, берберницата, било зафатено од друг и, според тоа, можноста да се исползува ископаниот канал отпаднала.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зарем дури сега, на овие години, треба да ти се објаснува дека среќата е најдолговечна кога човек мижи во занес и дека светот е полн боцки отпаднати од џиш црвени рози?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
По нив загната сурија со стапови и деца и војници, нит деца нит војници, викаат, се ѕверат најѕверно, ги саскаат кучињата отпаднати од редот за пцукање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- А што да речам јас! Рацете ми отпаднаа од правење јадење и миење садови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)