а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колона

мн. колони
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2198
1. Столб што потпира дел од конструкцијата на зграда или е самостојно издигнат како споменик, украс.
Англиски: column Албански: shtyllë
Употреба: Архитектура и градба
2. Редица од луѓе, животни, предмети, автомобили што се движат еден по друг во долга истегната линија.
Англиски: column Албански: kolonë
Примери:
Колоната дечиња застана.
Автомобилска колона чекаше на границата.
3. Поредок на војската во движење еден по друг на определено растојание.
Англиски: column Албански: kolonë
Употреба: Воен термин
4. Вертикален редослед на редови (во весник), на броеви, знаци, податоци итн.
Англиски: column Албански: kolonë, rubrik
Примери:
Пополнува податоци во одделни колони.
Речникот е пишуван во две колони.
Изрази
Петта колона - организирана група луѓе што дејствуваат однатре во некоја држава, движење, партија во полза на непријателот.
Изведенки
колонка ж.
мн. колонки
дем.