колона ж.
колонада ж.

колона (ж.)

Кога нивната колона се изви по патот што водеше в град, Мече одеше на чело со освоеното знаме, кое што весело се развеваше над гордите младински глави.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Стоеше така долго, загледан занесено во колоната, што се губеше во далечината, по тоа крена поглед нагоре кон знамето, кое што се вееше на високиот јарбол.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа беа офанзиви над народната војска, над жени и деца, над старци, над куќи и кошари, над добиток, офанзиви над момински и невестински ковчези. Заедно со војската која што отстапуеше од селата во планините бранејќи ја секоја попалена куќа и плевна - се точеа колони од испиени, но непокорни лица.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Околу него се движеше и трепереше долга поворка - нечујна, разбранета и жестока во својата притаеност; се свлекла од ѕидиштата да се врти в круг како сиво проклетство, колона во која несигурно се претчувствува нишање на румени женски колкови и студена вкочанетост на ликови готови да обвинуваат за грев, сега кога тој, гревот, надоаѓаше со навев и се пробиваше низ многуте канали на свеста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во колоната на сенките ќе бидам и самиот сенка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Колона луѓе, жени, деца. Жолти траки на рацете, шестокраки ѕвезди на нив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Големото око на таа колона се заситуваше од едноличности и го впиваше погледот на долгиот жилав тил, во грбот пресечен со светкави ремени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето ги размрдаа нозете, ги оптегнаа глезните и видоа дека ќе можат да се движат во колона по двајца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Не бери гајле, Мусо-ага, не бери, само вие добро спремете јатаганите и кога ќе наредам јас, удрете – го тешеше кадијата, одејќи по него со беговите. Со таков разговор се појави колоната на Чашка над самото Чаништа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На деветтиот ден од разговорот се движеше по штавичкиот пат колона од петнаесет коњаници и сто и педесет пешаци вооружени со пушки, пиштоли, јатагани и долги маздраци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И му се стори дека е во нивната саботна колона, упатена кон сонливото гратче под планината, и самиот тој како тие - со ипотен грб и многу шум во главата, во таа човечка глутница со шестдневна печалба в џеб и шестдневно неспокојство во крвта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Многу познати лица, предмети, зборови, минуваат низ внатрешната празнина и ги менат своите облици до бесцелност А кога ќе минат како колона кртови, тунелите зад нив се глуви и празни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беа десетина души соселани и постојано се држеа еден за друг, а сега се договорија и заминаа; една ноќ едвај се пробија меѓу некаква притаена германска тенковска колона.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Четврто: ја бркаше страшната колона мравки што се појави на скалите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Колоната како синџир се извива по ридот над селото, чиишто покриви блескаат на сонцето како распнати црвени знамиња.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога колоната врзана мина покрај Трајче, Ламбе кроце му мрдна на Трајчета со главата и му намигна со окото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Бидете готови за покрет - рече командирот. - Ќе мине колона автомобили.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не се гледа, но веќе се знае: наближија првите куќи. Тука колоната запира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Колоната претпазливо се пробива низ врбјаците наудрени во калливото трапиште.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе