а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зафати

зафатат; зафатил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2061
1. Почне некакво дејство, некаква активност.
Англиски: begin Албански: dhe
Примери:
Зафати војна.
Зафати да раскажува.
2. Заземе место, определена површина, простор.
Англиски: occupy Албански:
Примери:
Масата ја зафати половина кујна.
Децата ги зафатија сите седишта во автобусот.
Група работници го зафатија вагонот.
3. допре
Англиски: touch Албански: prek
Примери:
Старецот го зафатија малку со задните тркала.
Фудбалерот ја зафати топката со главата и даде гол.
Пожарот ја зафати училишната сала.
4. засегне
Англиски: touch Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Tој зафати многу актуелни прашања.
Собирот зафати неколку нерешени проблеми во науката.
5. опфати, обземе
Англиски: seize Албански: kap, kaploj
Примери:
Ја зафати огромен страв, но не покажуваше.
Ги зафати паника.
6. (се зафати) Започне некоја работа, се ангажира со нешто.
Англиски: begin Албански: filloj, angazhoj
Примери:
Тој се зафати со поправка на автомобилот.
Сите структури се зафатија со спроведување на реформите.
7. (се зафати) Се издигне, ја подобри материјалната состојба.
Англиски: prosper Албански: përparoj
Употреба: Економија
Примери:
Соседот откога почна со новиот бизнис, се зафати.
8. (се зафати) За растение - врзе корен.
Албански: zë, zuri
Употреба: Ботаника
Примери:
Цвеќето што ми го даде неодамна се зафати.
Изведенки
1. зафаќа несв.
(се) зафаќаат
2. зафаќање ср.
глаг. им.