достигне
достигнат; достигни, достигнете; достигнав, достигнаа; достигнал; достигнат; (ќе) достигнев, (ќе) достигнеа; (ќе) достигнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3105
1.
Стигне, стаса некого или нешто што се движи.
Англиски:
catch up
Албански:
arrij, mbrrij
Таа одвај ги достигна другите жени.
Кучињата го достигнаа волкот.
Слично со:
стаса (св.)
2.
Стаса, дојде, допре до / од некого, до нешто или до некаде.
Англиски:
reach
Албански:
arrij, kap
Од зад планината достигнаа татнежи.
Детето не можеше да достигне до кваката.
Тој не ја достигна гранката со зрелите цреши.
Слично со:
допре (св.)
3.
Нешто во својот тек или развој дојде до извесен степен.
Англиски:
achieve
Албански:
arrij, mbrrij
Битката ја достигна својата врвна точка.
Нивните караници ја достигнаа полната мера на гордост и бруталност.
Потрошувачката на шеќер ќе достигне до планираното ниво.
4.
Стаса, го има во доволна мера.
Англиски:
suffice
Албански:
mjafton, kënaq
Храната не ни достигна до крајот на неделата.
Овие тули ќе достигнат да направиме гаража.
Слично со:
задоволи (св.)
Изведенки
1.
достигнува несв.
достигнуваат
достигнуваат
2.
достига несв.
достигаат
достигаат
3.
достигање ср.
мн. достигања
глаг. им.
мн. достигања
глаг. им.