задоволи
задоволат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2876
1.
Направи задоволство некому со нешто.
Примери:
Тие со својата работа го задоволија чорбаџијата.
Играта на нашите фудбалери ја задоволи публиката.
Во циркусот најмногу не задоволија слоновите со своите атрактивни точки.
2.
Исполни, одговори на определени желби, барања, потреби и сл.
Англиски:
fulfil
Албански:
plotësoj, përmbush
Тој ги задоволи сите нејзини желби.
Со двојно зголемување на производството ќе ги задоволиме потребите на пазарот.
3.
(се задоволи) Си исполни определено барање, потреба, желба и сл.
Англиски:
satisfy
Албански:
kënaq, plotësoj
Домашните фудбалери се задоволија со нерешениот резултат.