директор

мн. директори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 977
Управник, раководител на претпријатие, установа, образовна институција; организатор на работата во една фирма или пак установа.
Англиски: director Албански: drejtor
Употреба: Економија
Примери:
Генерален директор.
Изведенки
1. директорка ж.
мн. директорки
2. директорче ср.
мн. директорчиња
дем.
3. директорски прид.
директорскиот
Пример: директорско место, директорски мандат