голман

мн. голмани
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 36789
Играч што го брани голот.
Англиски: goalkeeper Албански: portjer
Употреба: Спорт
Примери:
Имено, по еден долг напад на гостите, домашниот голман ја фрли топката на земјата и потоа тргна во напад.
Изведенки
1. голмански прид.
голманскиот
Пример: голманска топка
2. голманка ж.
мн. голманки
Пример: Поранешната репрезентативна голманка доби нова улога во тимот.