богобојазлив

богобојазливиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 29929
Што се плаши од Бога.
Англиски: pious
Примери:
Богобојазливите жители на селото покорно стоеја пред портите на црквата.
Изведенки
1. богобојазливо прил.
Пример: Селаните богобојазливо чекаа да се причестат.
2. богобојазливост ж.