богобојазлив прид.

богобојазлив (прид.)

Зарем бог, заради неспособноста за сполука и богобојазност на овие луѓе овде, сосе мене заедно, решил да направи од Маказар Содома и Гомора, оган и пламен, лава жешка што ќе потопи и ќе изгори сѐ живо и мртво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден богобојазлив автор веројатно не ќе имал храброст да посегне кон светата книга сместувајќи ги на тие страници своите фантазмагорични видувања ако немал притоа вистински повод и причина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во овие записи без детализирања, дури и без истакнат личен однос богобојазливиот запишувач за случувањата што се предмет на нашиот интерес беше го употребил впечатливиот термин наезди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)