богат

богати
Вид збор: Придавка
Ранг: 1562
1. Кој има големи материјални блага, што има голем имот, пари; што не е беден.
Англиски: rich
Примери:
богат човек
богати куќи
богато семејство
2. Што го има или што има во големо количество, со многу елементи.
Англиски: rich
Примери:
богата свадба
богат род
богат крај
богат лов
3. Што има големи духовни вредности, многу добри обележја.
Англиски: rich
Употреба: Преносно значење
Примери:
Богата збирка од народни умотворби.
Богат јазичен израз.
Богато и разновидно раскажувачко дело.