адресат

мн. адресати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 35096
1. Примач на писмо, поштенска пратка или на порака, оној кому му е нешто упатено, наменето.
Англиски: recipient Албански: adresat, pranues
Примери:
Институтот е адресатот за пријавите на Конгресот.
2. Административно лице што се повикува да исплати меница.
Англиски: payer Албански: adresat, pagues
Употреба: Економија
Примери:
Сметководителите се адресати на пристигнатите чекови за исплата.
3. Примач на порака, исказ, текст.
Англиски: addressee Албански: pranues, marrës
Употреба: Лингвистика
Примери:
Анализата покажува дека адресатите може да се определат.