tie - онтологија

врзе повеќе

врзат
Вид збор: Глагол, свршен
Соедини, спои со јазол два краја на конец, јаже и сл.
Албански: lidh
Обвитка, стави, спакува во нешто и стегне со јаже, со врвка и др.
Албански: lidh
Ограничи, оневозможи движење на некого, на нешто, прикрепувајќи, приврзувајќи го со јаже и сл.
Албански: lidh

заврзе повеќе

заврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Стегне, прицврсти со врзување.
Албански: shtërngoj

запетла повеќе

запетлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Соедини, спои два дела на облека, обувки со помош на петлица, патент и сл.
Албански: lidhë, mbërthej

изврзе повеќе

Види и: врзе (св.)
изврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе сѐ што треба да се врзе.
Албански: lidh
Врзе повеќепати, обвитка, стегне со врвка или јаже некаков предмет, до крај, целосно.
Албански: lidh
Врзе повеќемина, сите.
Албански: lidh
(се изврзе) Се врзе многу, целосно, до крај.
Албански: lidhem

иззаврзе повеќе

иззаврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврзе се, до крај, без остаток.

исповрзе повеќе

исповрзат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврзе повеќемина или повеќе предмети.
Албански: lidh

наврзе повеќе

наврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе едно на друго.
Албански: lidh
Врзе многу нешта.
Албански: lidh

поврзе повеќе

поврзе
Вид збор: Глагол, свршен
Воспостави сообраќајна врска меѓу населени места.
Албански: lidh
Установи врска меѓу одделни појави, доведе во врска едно со друго.
Албански: lidh
Употреба: Преносно значење

подврзе повеќе

подврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе, со врвца стегне, затвори нешто да не се растури, да не може да излезе содржината.
Албански: lidh
За папочна врвца - заврзе.
Албански: lidh
Употреба: Медицина
За конец - врзе на крајот.
Албански: lidh
(се подврзе) Се врзе на несоодветно место.
Албански: lidh

поприврзе повеќе

Види и: приврзе (св.)
поприврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Приврзе малку, уште малку некого или нешто за нешто друго.
Натера, принуди некого да биде постојано на едно место.

праг повеќе

мн. прагови
Вид збор: Именка, машки род
Дрвена греда што служи како подлога и ги држи железничките или трамвајските шини.
Албански: traversë
Употреба: Транспорт

преврзе повеќе

преврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе, заврзе нешто околу обемот, опфати со врзување.
Албански: lidh
Врзе, заврзе некому нешто.
Албански: lidh
Врзе повторно, поинаку.
Албански: lidh përsëri
(се преврзе) Се врзе, се заврзе со нешто.
Албански: lidh
(се преврзе) Си врзе, си заврзе себеси нешто.
Албански: lidh

приврзе повеќе

приврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе за нешто.
Албански: lidh
Натера, принуди некого да биде постојано на едно место.
Албански: lidh
Употреба: Преносно значење

сврзе повеќе

сврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе еден крај со друг.
Албански: lidh

склучи повеќе

склучат
Вид збор: Глагол, свршен
Состави краишта на две нешта што се наоѓаат близу.
Албански: lidh

соедини повеќе

соединат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврзе едно со друго со помошта на нешто.
Албански: lidh