преврзе
преврзат; преврзи, преврзете; преврзав, преврзаа; преврзал; преврзан; (ќе) преврзев, (ќе) преврзеа; (ќе) преврзел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8398
1.
Врзе, заврзе нешто околу обемот, опфати со врзување.
Примери:
Неколкупати го преврза пакетот со коноп.
Таа ја преврза кутијата со шарена лента наоколу.
2.
Врзе, заврзе некому нешто.
Примери:
Им ги преврзаа рацете на заробените војници.
Тој му ги преврза очите со црна лента.
3.
Стави преврска на рана.
Примери:
Сестрата го преврза ранетиот.
Ветеринарот го преврза кучето со завој.
Слично со:
превие (св.)
4.
Врзе повторно, поинаку.
Англиски:
tie again
Албански:
lidh përsëri
Јажето се одврзало, преврзи го пак.
5.
(се преврзе) Се врзе, се заврзе со нешто.
Примери:
Се преврзал со ортомата преку половината и влегол во јамата.
Се преврза со шамијата и се фати за работа.
6.
(се преврзе) Си врзе, си заврзе себеси нешто.
Примери:
Девојчето си преврза шарено коланче околу половината.
Таа си преврза црна шамија на главата.
7.
(се преврзе) За рана - се превие сам.
Примери:
Се преврза самиот некако и се довлечка до колибата.
Изведенки
1.
преврзува несв.
(се) преврзуваат
(се) преврзуваат
2.
преврзување ср.
глаг. им.
глаг. им.