праг
мн. прагови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1884
Примери:
Примери:
Примери:
5.
родна земја
Англиски:
fatherland
Албански:
atëdhe
Не напуштајте го родниот праг!
Слично со:
татковина (ж.)
6.
Место низ кое се влегува.
Англиски:
entrance
Албански:
prag, hyrje
Застана пред прагот на хотелот.
Стигна пред прагот на дворецот.
Стоеја на прагот на пештерата.
7.
Почеток на нешто, на некакво дејство или состојба.
Примери:
На прагот од животот.
На прагот од смртта.
На прагот од староста.
Летото е на прагот.
Изрази
Горни и долни праг - горната и долната хоризонтална страна на вратата.
Прагот нејќам да му го престапам (пречекорам) - не сакам дома да му влезам.
Куќниот праг е највисока планина - човек тешко одлучува да влезе во туѓа куќа.
Додека не го чукне (човек) горниот праг, не може да го види долниот - на човек му доаѓа паметот откако ќе удри со главата в ѕид.