sound - онтологија

глас повеќе

мн. гласови
Вид збор: Именка, машки род
Звук што се создава во грлото со помош на гласилките при зборување, пеење и сл.
Албански: tingull
Употреба: Медицина
Звук или шум од животно, машина или апарат.
Албански: tingull

гласи повеќе

гласат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3. л.) Соопштува, значи, звучи, содржи, изгледа некако.
Албански: shpall, njoftoj
Пушта глас.
Албански: tingëllon
(се гласи) се јавува, се слуша
Албански: tingëllon, dëgjohet

екне повеќе

екнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти ек, силен глас, звук.

зазвучи повеќе

Види и: звучи (несв.)
зазвучат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да звучи; се појави, се огласи некаков звук, глас и сл.

заѕуни повеќе

Види и: ѕуни (несв.)
заѕунат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да ѕуни.
Албански:
Одекне, зазвучи нешто.
Албански: oshëtin
Употреба: Преносно значење

зајачи повеќе

зајачат
Вид збор: Глагол, свршен
заечи
Албански: tingëllon

зачуе повеќе

зачујат
Вид збор: Глагол, свршен
(безл.) Ми (му, ти...) се зачуе.
Албански: tingull

зачука повеќе

Види и: чука (несв.)
зачукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чука, произведувајќи звук на чукање.
Албански: trokas

звук повеќе

мн. звуци
Вид збор: Именка, машки род
Брановидно движење, треперење што се пренесува низ еластична средина и се прима со сетилото за слух.
Албански: tingull, zë
Употреба: Физика

звучи повеќе

звучат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава, произведува звук.
Албански: tingëllon
Остава впечаток, изгледа.
Албански: tingëllon
Употреба: Преносно значење
се искажува, се пројавува
Албански: tingëllon
Употреба: Преносно значење

ѕвон повеќе

мн. ѕвонови
Вид збор: Именка, машки род
Звук од ѕвоно, од камбана; звук добиен со удар на метал, стакло и сл.
Албански: zë, zile, kumbim

ѕун повеќе

мн. ѕунови
Вид збор: Именка, машки род
ѕвон
Употреба: Поетски збор
Примери:
Метален ѕун на ѕвончето.

ѕуни повеќе

ѕунат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се огласува со звук што потсетува на ѕвон, на ѕвонење.
Албански: tinguj

јави повеќе

јават
Вид збор: Глагол, свршен
(се јави) се огласи, се слушне
Албански: dëgjua

огласи повеќе

огласат
Вид збор: Глагол, свршен
За глас, звук - исполни определен простор, одекне.
Албански: tingëllon
(се огласи) Се одекна глас или звук.
Албански: oshëtin

одекне повеќе

одекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Развие ехо, одглас.
Албански: jehon, ushton
Се чуе силно, гласно.
Албански: jehon, ushton
Употреба: Преносно значење
Се разнесе, се прошири.
Албански: tingëllon, përhap
Употреба: Преносно значење

одѕвони повеќе

одѕвонат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти ѕвонлив звук.
Албански: tingëllon, cingares
Со ѕвонење даде знак.
Албански: tingëllon

пее повеќе

пеат
Вид збор: Глагол, несвршен
За природни појави - издава еднолични гласови, шумови.
Албански: këndoj
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење

писне повеќе

писнат
Вид збор: Глагол, свршен
За звук, исполни определен простор, одекне, исполни со писок.
Албански: tingëllim

прозвучи повеќе

прозвучат
Вид збор: Глагол, свршен
Се чуе, се разнесе звук.

саглам повеќе

Вид збор: Придавка
здрав, добар, сигурен, чесен
Турски: sağlam
Употреба: Неменлив збор , Разговорно

салам повеќе

Вид збор: Придавка
саглам
Турски: sağlam
Употреба: Дијалектен збор , Разговорно

слуша повеќе

слушаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се слуша) се разнесува, звучи
Албански: bën zë

тонски повеќе

тонскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тон, звук.