Физика - категорија

завибрира повеќе

Види и: вибрира (несв.)
завибрираат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вибрира.
Англиски: vibrate Албански: dridhë, vibroj

зафатнина повеќе

мн. зафатнини
Вид збор: Именка, женски род
Просторот што го зафаќа еден предмет и се пресметува обично во кубни метри или сантиметри.
Англиски: volume Албански: vëllim, volum

звук повеќе

мн. звуци
Вид збор: Именка, машки род
Брановидно движење, треперење што се пренесува низ еластична средина и се прима со сетилото за слух.
Англиски: sound Албански: tingull, zë

звукомер повеќе

мн. звукомери
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење на силата на звукот.
Англиски: phonometer

зрак повеќе

мн. зраци
Вид збор: Именка, машки род
Тесен сноп светлина кој доаѓа од некој извор што силно свети.
Англиски: ray Албански: rreze
Насочен проток на определени честички или на енергија.
Англиски: beam Албански: rreze
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ