Физика - категорија

фарад повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Електрична единица за капацитет.
Англиски: farad

фаренхајт повеќе

мн. фаренхајти
Вид збор: Именка, машки род
единица за мерење температура (симбол: °F)
Латински: °F Англиски: fahrenheit

федерира повеќе

федерираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се стега и растега, попушта под притисок и пак се враќа во поранешната состојба, се однесува како пружина.
Англиски: spring Албански: federoj

феромагнетски повеќе

феромагнетска
Вид збор: Придавка
Во физиката - кој има силно изразени магнетски својства.
Англиски: ferromagnetic Албански: feromagnetik

физика повеќе

(едн.) физиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги изучува општите својства и закони на движењето на материјата.
Англиски: physics Албански: fizika

физичар повеќе

мн. физичари
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по физика.
Англиски: physicist Албански: fizicient, fizikant

физички повеќе

физичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на физиката како наука; што се однесува на појавите со кои се занимава физиката.
Англиски: physical Албански: e fizikës

фисија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Делење на нуклеарното јадро.
Англиски: fission Албански: ndarje, copëtim

фисионен повеќе

фисиониот
Вид збор: Придавка
Што се користи за фисија.
Англиски: fissionable

флуоресцентен повеќе

флуоресцентни
Вид збор: Придавка
Заснован врз флуоресценцијата.
Англиски: fluorescent Албански: fluorescente
Примери:
Флуоресцентно осветление.

флуоресценција повеќе

(едн.) флуоресценцијата
Вид збор: Именка, женски род
Светкање што настанува при осветлувањето на некои материи и исчезнува веднаш по отстранувањето на светлосните зраци.
Англиски: fluorescence Албански: fluorescencë

флуоресцира повеќе

флуоресцираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има својство на флуоресценција.
Англиски: fluoresce

фокален повеќе

Види и: фокус (м.)
фокална
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фокус.
Англиски: focal Албански: fokale, vatrore
Примери:
Фокална линија.

фокус повеќе

фокусот
Вид збор: Именка, машки род
Во физиката - точка во која се собираат прекршени или одбиени зраци.
Англиски: focus Албански: fokus

фокусен повеќе

Види и: фокус (м.)
фокусна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фокус.
Англиски: focal Албански: fokusore, vatror

фонометар повеќе

мн. фонометри
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за мерење силата на звукот.
Англиски: phonometer Албански: fonometër

фото повеќе

Вид збор: Префикс
Прв составен дел на некои сложенки со значење: светлина.
Англиски: photo
Примери:
фотометар

фотоелемент повеќе

мн. фотоелементи
Вид збор: Именка, машки род
Уред што ја претвора светлосната енергија во електрична.
Англиски: photovoltaic cell Албански: fotoelement, fotovoltaik

фотометар повеќе

мн. фотометри
Вид збор: Именка, машки род
Уред за мерење на силата на светлината, особено на изворите на светлината.
Англиски: photometer Албански: fotometër

фотометрија повеќе

фотометријата
Вид збор: Именка, женски род
Дел од оптиката што се занимава со мерење на силата на светлината, особено на изворите на светлината.
Англиски: photometry Албански: fotometri

фотон повеќе

мн. фотони
Вид збор: Именка, машки род
Елементарна честичка, носител (посредувач) на електромагнетното заемнодејство.
Англиски: photon Албански: foton

фреквенција повеќе

мн. фреквенции
Вид збор: Именка, женски род
Број на треперења во секунда на светлина, електрични бранови итн.
Англиски: frequency Албански: frekuencë
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ