break - онтологија

докрши повеќе

докршат
Вид збор: Глагол, свршен
Крши, искрши до крај.

задроби повеќе

задробат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дроби нешто.
Албански: thërmoj

закрши повеќе

Види и: крши (несв.)
закршат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да крши нешто.
Албански: thyej

заштипе повеќе

Види и: штипе (несв.)
заштипат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да откинува од нешто со штипење.
Албански: thyej

издроби повеќе

издробат
Вид збор: Глагол, свршен
искрши
Албански: thej
Употреба: Преносно значење

изнакрши повеќе

Види и: накрши (св.)
изнакршат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрши, накрши многу, во голема количина.

искрши повеќе

искршат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши, раздели целина на парчиња, уништи со кршење.
Албански: thyej

испокрши повеќе

испокршат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрши повеќе предмети.
Албански: thyej

испрекрши повеќе

Види и: прекрши (св.)
испрекршат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекрши на повеќе места или повеќе пати.

исчепи повеќе

исчепат
Вид збор: Глагол, свршен
Откине, оддели нешто од нешто.
Албански: shkëput, ndaj

кине повеќе

кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Нанесува некому голема физичка или психичка болка, мачи.
Албански: thyej, këpus
Употреба: Преносно значење

крни повеќе

крнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доведува нешто да не биде целосно, нарушува целина, откршува.
Турски: kırmak

крши повеќе

кршат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со употреба на сила, со удар дроби на парчиња, одвојува од целина, разделува на делови.
Албански: thej
Не се придржува кон обичај, договор, норма, закон.
Албански: thej, prish
Употреба: Преносно значење

кршне повеќе

кршнат
Вид збор: Глагол, свршен
Крши малку.
Албански: thej pak

ломи повеќе

ломат
Вид збор: Глагол, несвршен
Крши нешто.
Албански: thej
Употреба: Народна поезија

накрши повеќе

накршат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши, скрши парче од нешто.
Албански: thej
Искрши доволно или многу нешто.
Албански: thej
(се накрши) Искрши доволно, се задоволи, се наработи со кршење.
Албански: thej

наруши повеќе

нарушат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекрши, престапи определена норма, закон и сл.
Албански: prish, ndërprej

одлушне повеќе

одлушнат
Вид збор: Глагол, свршен
Оштети со откршување, одделување на мал дел од нешто.
Албански: coptohet, prishet
(се одлушне) Се оштети со откршување, одделување на мал дел од нешто.
Албански: coptohet, thehet, prishet

окрши повеќе

окршат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши
Албански: thej
Оддели, отстрани дел од нешто со кршење.
Албански: thej
(се окрши) се скрши
Албански: thej

открти повеќе

откртат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши, одвои нешто со кртење.
Албански: shkëput

открши повеќе

откршат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели парче од нешто со кршење.
Албански: këpus, coptoj
(се открши) Се оддели од нешто со кршење.
Албански: thej, coptoj

ошути повеќе

ошутат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши дел од нешто.
Албански: thyej
Употреба: Преносно значење , Разговорно

погази повеќе

Види и: гази (несв.)
погазат
Вид збор: Глагол, свршен
Не изврши ветување, изневери.
Албански: shkel premtimin
Употреба: Преносно значење

покрши повеќе

Види и: крши (несв.)
покршат
Вид збор: Глагол, свршен
Крши малку или уште малку повеќе.

пооткрши повеќе

Види и: открши (св.)
пооткршат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши малку, донекаде парче од нешто.

попрекрши повеќе

Види и: прекрши (св.)
попрекршат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекрши, откине малку од нешто.

поткрши повеќе

поткршат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши одоздоле.
Албански: thyej

потпукне повеќе

Види и: напукне (св.)
потпукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пукне малку на некое место.

пребие повеќе

Види и: бие (несв.)
пребијат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши на две или повеќе места.
Албански: thej
За светлина, зрак - прекрши.
Албански: thej
Израмни, покрие долгови со побарувања преку финансиска или друга операција.
Албански: rentabilitet
Употреба: Економија

прекрши повеќе

прекршат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши, открши дел од нешто, раздели на два или повеќе делови со кршење.
Албански: thyej
Скрши, искрши (коски на раце, нозе) тепајќи некого.
Албански: thyej
За зрак - промени правец при минување од една средина во различна, друга средина.
Албански: thyej
Употреба: Физика
(се прекрши) За зрак - промени правец.
Албански: thyej
Употреба: Физика

преломи повеќе

преломат
Вид збор: Глагол, свршен
прекрши
Албански: thej

провали повеќе

провалат
Вид збор: Глагол, свршен
Насилно влезе.
Албански: depërtoj
пробие
Албански: depërtoj
Насилно отвори, скрши.
Албански: thyej
Употреба: Дијалектен збор

пукне повеќе

пукнат
Вид збор: Глагол, свршен
При кршење добие пукнатини, проследено со пукот.
Албански: thyerje
Почне, дојде, се појави нешто - годишно време, природна појава.
Албански: filloj
Употреба: Преносно значење

разбие повеќе

разбијат
Вид збор: Глагол, свршен
Со удирање направи нешто на парчиња.
Албански: copëtoj

разбоздиса повеќе

(се) разбоздисаат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши, расипе, расклопи
Турски: bozmak Албански: thej
Употреба: Разговорно
(се разбоздиса) се скрши, се расипе, се расклопи
Турски: bozmak Албански: thehet
Употреба: Разговорно

разбоздисува повеќе

Види и: разбоздиса (св.)
(се) разбоздисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разбоздиса
Турски: bozmak
Употреба: Разговорно

раскрши повеќе

раскршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се раскрши) Се скрши, се разбие на делови.
Албански: thyej

распука повеќе

распукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распука) За срце, душа - раскине.
Албански: ndal
Употреба: Преносно значење

расцепи повеќе

расцепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расцепи) Стане на делови.
Албански: copëtoj

скрши повеќе

скршат
Вид збор: Глагол, свршен
Со удирање направи нешто на парчиња; со удар разбие, раскрои; со удар повреди некој дел на телото.
Албански: thyej
(се скрши) Се распадне на парчиња.
Албански: copëtoj

скршне повеќе

скршнат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши малку
Албански: thej, këpus

скршува повеќе

Види и: скрши (св.)
(се) скршуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разбива

сломи повеќе

сломат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши
Употреба: Народна поезија
Примери:
Море лудо, кутро младо! / позапри си брза коња, / да н‘ ме згазиш, да н‘ ме сломиш.

сокрши повеќе

Види и: скрши (св.)
(се) сокршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) скрши

сокршува повеќе

Види и: сокрши (св.)
(се) сокршува
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) скршува

соскрши повеќе

Види и: сокрши (св.)
(се) соскршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) скрши, (се) искрши
Употреба: Ретко

строши повеќе

строшат
Вид збор: Глагол, свршен
искрши, скрши
Албански: thej
Употреба: Дијалектен збор
(се строши) се искрши, се скрши
Албански: thej
Употреба: Дијалектен збор