а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

гази

газат преод.
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2041
1. стапнува, чекори, оди
Англиски: step Албански: shkel
Примери:
Ми се чинеше не газам на нозе.
На челото газеше нашиот водник.
2. Стапнува на нешто (снег, кал, трева).
Англиски: step Албански: shkel
Примери:
Гази уморно во снегот.
Матичарот газеше во калта и размислуваше за есенската здодевност.
3. Преминува преку вода, планина и сл.
Англиски: wade Албански: shkel, ecë
Примери:
Реката во април не се газеше.
А колку за нас, ние сме научени да ја газиме планинава.
4. Смачкува со нозе.
Англиски: crush Албански: shkel, shtyp
Примери:
Ќе ја кренеше и ќе ја бувнеше на земја, ќе ја газеше, ќе ѝ ги искршеше рацете, носот ќе ѝ го смачкаше со тупаница.
5. угнетува, поробува, потчинува, понижува
Англиски: suppress Албански: shtyp, shkel
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Без жал ги газеа луѓето.
Изрази
Гази збор - не го одржува зборот.
Гази на трње - многу внимава.
Гази на лебот - не го почитува гостопримството.
Гази на честа - понижува.
Не гази по гнили штици - оди на сигурно.
Не гази на мравка - многу е добар.
Изведенки
газење ср.
глаг. им.