штрков (прид.)

Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На ден Панделејмон си летнале со Аџи Кљак-кљак и со аџиицата, со децата нивни, и си отидоа во штрков вилает здрави и живи како што сакаше Господин Бог.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нели ти личи штрков на моево чадорче?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Јазикот да си го каснеш!” ѝ велеше тој, и секое утро, уште пред да се разбуди таа, Полин излегуваше од дома и шеташе по сите околни места и собираше разни лековити тревки и билки: матарка, лопушка, кофил, калуѓерче, русе, златарка, прешлика, штрково цвеќе, напрсточе, млечарка, кострика, лишарка, кадифче, коњски босилок, чочорка, цволика, кикара, вратика, жалфија, калофер, добричица, царево око, иванчица, вртолумче, лобода, пчелинок, кукавичица, курвиче и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Предаден е живописно Летот таа нес(о)вршена именка таа нимфоманка тлоцртот на гризодушјето живиот песок на егзилот - штрковата земја, навидум пуста стравот да се користи истиот јазик да се проколне, зборот да оживее.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Слегував удолу кон полето големо затворено во небо и планини; омеѓено со тополи престорени во минариња од штркови гнезда.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ако не си ги нашол во Герман, барај ги во П`пли, ако тука ги немало, барај ги во Штрково или во Нивици, ако ги немало во Нивици, барај ги во Граждено...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)