штрк (м.)

„Кој знае, бре синко, според нишаниве што ни ги кажуваш, вистина како да си бил штрк“, му рекол татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Сполај ти, Господи сполај ти, што не било да биде, човек штрк да биде“, сите беа рекле и поверувале, та затоа до ден денеска се прикажува за штрковите оти се луѓе.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Така беше, така Силјане, вистина штркот што беше сам летоска на куќава, ќе го испердушеше Лиса.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сите жени на светот со добра среќа ги поздравуваат првите штркови, зашто им носат љубов и среќа!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Стоеше исплашен на една нога како штрк и не се осмелуваше да ја откачи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Падна на ридот, еден штрк сонува брегови зелени. Му сѐ привидува дека е пак со јатата иселени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Низ тие очи се наѕираа дните од неговото детство: црвени покриви и штркови празнично исправени на оџаците, бели меки облаци, разигран ред јасики и месечина удавена во непокриен бунар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не ќе им се зарадуваме на ластовиците ако штрковите не ги носат на грб. - Како авиони, оштоумно се присеќаат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А јас за штрковите ова го знам, и Петко пак кришум го враќа туѓото шише таму кај што беше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ама чудно! Сашо ѝ се лути и на жабата. Зарем не можела да се скрие како и сите други жаби? Тие се скриени и штркот не им може ништо!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе сврти - жаба! Ќе сврти пак - штрк! Ќе сврти уште еднаш - штркот ја држи жабата во долгиот црвен клун!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сашо го гледа штркот и му вика: - Пушти ја, пушти ја, бе! Штркот не се ни помрднува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Или: Нашата лисица сакаше да го искине штркот на мама.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зоки шепоти очаено во себе: „Штрк, жирафа, мечка, слон, лисица...“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Значи, штрк, жирафа, мечка...“ - А види, ова е слон.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Сѐ е ново! - зацрцоре Врапчо. - Штркот си дојде од југ, си дојдоа и ластовиците.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се прибира само навечер да преспие и да го собере данокот - по некое јајце - од птиците кои му прават гнезда во куќата: гумнарче, плетварче, тресопатка, дрздалец, саријазма, конопарче, снегарка, гал, грлица, костенарче, сипка, штрк, був и други.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Господе, мрморат луѓето, кај се најдоа на едно место толку орли и штркови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ај, штрковите заедно се селат, велат, ама не им е времето за селење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе