четириесет (бр.)
Каде се чуло четириесет лири мома да се купи? Злато е тоа, еј!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Еве, ние со таткати четириесет ги поминавме, сто години не ќе сме живи, дојди си побргу.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Како добар слуга божи ние те слушаме еве четириесет и толку години, та и воа сакаме заедно со тебе да го решиме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Мори, златна сваќе, златна! Какви 'рслани, млади како роса, останале кај нас вдовци и не можат да најдат, та ќе најде Илко на четириесет години, токо го ватало сиромаот — ќе си а т'че, главата од ѕидот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во таа илјада деветстотини четириесет и осма светот доживуваше чудно лето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Турците ја заклаа пред четириесет дни на ова исто место.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Иако седев неподвижен, скоро без здив, посокот пак чкрташе под моите стапалки со број четириесет и пет, два броја помалку од вратот за кој тие ќе исплетеа јамка дури и од своите аорти.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Толе е со осум души; нека има другари, според лебот што го нарача, најмногу три, четири до петстотини, а Бахтијар има четириесет илјади.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И Бахтијар со четириесет илјади души аскер тргна да брка четири стотини души востаници.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Фативме адвокат и тој направи тужба до судот; во неа смртта на Ѓеро ја процени на четириесет и осум илјади лири.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Си имам четириесет сантиметри широка, рогозина во коњската барака меѓу падавичарите и тоа ми е доволно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Секој ден која куќа даваше три, која девет дена, која четириесет дена, која три месеци...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Триесет и осмата ме подбраа и дури четириесет и седмата се видовме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во Африка некои племиња полово се развиваат во единаесеттата година, но затоа векот им е околу четириесет години.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
На имотов сме триесет, четириесет врзани мажи и толку возрасни момчиња, вели Лазор, тие тоа го знаат и затоа нема да нападнат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Ние сме од четириесет и четвртата, ми велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Товариш Хрушчов, велиме, ми каманисти од Југославија, ние револуционери и борци од четириесет и прва година, од грчка Македонија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Колку кила имате, прашува Енес. — Четириесет и пет сосе алишта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)