црвен (прид.)

Подоцна - судбина била! -на истата земја, во црвени порои темни крв да се пролее — сила.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Застанал зетот пред врата и сите сватови на коњи, наметнати со белите јапанџаци, на главите фесови тунузи преврзани со белите чалми, опкачени сите со пиштоли жолтомедни, а на нозете сите со скорни црвени.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Гледајќи во браздите видел кај мрдаат од земјата црвените црвје.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По овие страни, по пределот бујат, во црвени крвје што пребликнал сега, за храбрите еднаш песни ќе се чујат и како во синџир оро ќе се стега.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Еј, јуначка луда, крв црвена, рујна, ти не ли се жалиш што вака се сипеш по ледини ридски, по тревата бујна?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Бугарската младеж овде ги употребува сите свои сили и средства да се покаже напредничава, т.е. социјалистичка: долги и бесмислени говори, долги коси и убаво исчешлана брада, црвена или сина руска кошула и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Момчето ти го фатиле на Кара-камен планина, Дафино вино, еј, црвено вино, еј!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дафино вино, еј!... (Другите прифаќаат). Дафино вино, еј! црвено вино, еј! Момчето ти е заспало на Кара-камен планина.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ПОЦКО: (Се смее.) Е, бре брат Арсо, ти на сѐ капак! (Сипува вино.) Ајде сега вино црвено, да биде уште повесело! Повели, куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Старите бочви - преполни со рујно вино црвено!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Испод прозорците миндер послан со сеџаде (по возможност црвено) и подрен со бели перници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Покажуејќи на прозорецот) пуцав још ... бум .. бум... боже мој ... овако је ... (Во тој момент се издига надвор - во квадратот на прозорецот црвена ракета).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
И Пенчо се смири пуштајќи ја да го држи со едната рака за мишката а со другата за црвената искрпена кошула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја завлеков раката в џеб и ја извадив црвената крпа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Слушаш ли? црвен и испотен шушкаше Кузман и ми се внесуваше в лице. - Слушаш? Тоа што баравме најдовме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко се поисплаши кога го виде толку црвен, го фати за рака и за глава, го праша да не го боли нешто, и откако виде оти ништо не му е, со чудење го праша: — Ами оти толку рано ќе си легниш, Крле?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе