црвенило ср.
црвенина ж.

црвенило (ср.)

Тоа црвенило, таа збунетост, тоа решение да оди така бргу на вода, предизвика во неа оправдано сомневање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра си ја чу пресудата. Озелене како мувлија и не можеше да најде збор да проговори, додека на Достиното лице се покажа црвенило до уши и длабока воздишка, и се симна еден голем товар од душата, но не испушти воодушевен извик.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не. Неговите очи поправо се потопени во густо црвенило.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ околу нив изгоруваше во непроѕирно црвенило. Сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
— Кој ти е вој, невесто Митро? Митра ја обли црвенило до уши, но немаше каде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но ѝ остануваше и црвенилото кое Дукле ѝ го мачкаше со ракија и камфор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едно случајно стракче црвенило, какви на илјада секојдневно ги прескака видот, одеднаш го возбудило човека поради својата автономност среде житото, поради фактот, значи, дека само во смртта ќе бидеш автономен...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но таа споулавеност со искубана брада еднаш веќе го предупредила со оган неголемото село на каменоделците - ноќта е мајка на неутешените и маштеа е на непретпазливите, мислел или се сеќавал на нечии зборови најмладиот од дружината и не знаел дали да ѝ се придружи на исто така заборавената старост, да седне до склопчениот Симон Наконтик и без здив, со невидливо црвенило на лицето во мракот, да му раскаже за глувата и нема Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека таа се симнуваше по скалите, Чарлс лежеше без болки, без температура, без црвенила, а собата беше исполнета со жештината на неговата трескавична преобразба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Црвенилото доаѓаше од чувството дека тој ми ја откри лагата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ќе го закопаш гневот во метален сон Потоа сонот ќе го однесеш на ковач Да искове од него меч Сечилото ќе треба да отстои Во смрзнато срце на змија Растена на најлудо сонце Да блескоти Да блескоти Да блескоти Со вулканско црвенило“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За жив срам, ме облеа црвенило.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Најпрвин таму пребледува небото, станува розово, црвено, набабрено со пурпур и чиниш одеднаш ќе потече црвенило и ќе ја облее засенчената страна на планината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)