уморува (несв.)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Татко ќе се уморел, а Јоше не се уморувал од свирењето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зема карамела, се навалува на седиштето, замижува, тоне, и си се чини самата во зајденоста како некоја мала птица што лета, лета, ѝ се уморуваат крилата, ѝ се уморуваат рамената, и негде пак ќе треба да се спушти за починка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)