улов (м.)
Крмакот ќе ја убие мечката, а ловецот ќе го застрела крмакот, и така со два улова ќе се врати дома, велеше татко.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уловените, врапци ги гнетеа в пазуви и со среќниот улов се враќаа дома.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Месото од уловот го јадат колективно.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Припитомувањето на целта, нејзиното одгледување и сигурниот „улов“ ја укинуваат смислата на „погодувањето“, средбата на стрелата и објектот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И додека замислено гледаше во пламенот на последните факели на рибарите, и се внесуваше во тишината во која градот конечно заспиваше, задоволен од уловот на јагулите, Игор Лозински тивко продолжи: - Сега, спасените јагули среќно патуваат низ реката.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Набргу вревата се смири, останаа само факлите здружено да догоруваат и да ја одржуваат радоста на луѓето заради големиот улов.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој не ги прими со благодарност, туку со навреда што му ги враќаат неупотребени карбитните конзерви со експлозивен фитил, можеби очекувајќи дека од неспортскиот улов ќе добие дел со кој ќе може да се пофали.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таму сега, на дрвениот пристан заколчен во водата, се враќаат рибарските чунови со утринскиот улов: крупната риба за резиденцијалната вила и репрезентативните ресторани, а ситната за останатиот народ - спикан во шатори, приколки и селски соби.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Марин не се чудеше гледајќи во рибарските чунови, чии дозволи за рибарење сега, на тргнување кон езерото, ги прегледуваа луѓето на еминот, како што при враќање со исто таква усрдност ќе го прегледуваат и мерат донесениот улов.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Можеби јас сум еден од оние
кои сликаат според соништата
кои одбиваат да ловат, значи да убиваат
со полуотворената уста на стрелата
за да ја наполнат својата
и на своите жени
плодови саможитни што берат
и за нас се молат
да има улов повеќе одошто ни треба
(жените кои мислат поинаку
ги праќаат своите души
на срните да им бидат штитник
на стрелите урок)
за пречек ни принесуваат
богат огрев
богот на гревот ни го ложат пред спиење
за да заборавиме на писокот на жртвите
поостер од остриците во нив набиени
за да гинеме од ноќ во ноќ
непоштедени од грозата на лажната смрт
заблазувајќи им на оние кои писнале
еднаш засекогаш!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Очите ни се, по традиција, скришен резервоар
за желби. како за таен улов остриги, јастози
пиздици и листови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Спортистот ја имаше славата, овој ги имаше парите и тоа е добра формула за добар улов.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Мислеше дека и другите ќе ја поделат радоста за успешниот улов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)