улови св.

улови (св.)

Ти велам, колај работа! Го уловив ли јас него, не го испуштам од раце, па волкави заби да има!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Старецот го притера својот чун сосема со нивниот, се наведе и ги виде рибите што даваа последни знаци живот на дното од чунот. – Бре, бре што риба сте уловиле ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
„Да не се грижам ли?“ гласно и се улови дека втората Марија ја сметаше за првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Заседата на ноќта го улови неочекуваното, го стисна в стапица, изгубен и недооформен за судрување го покри со влага, сам пред смрт, без сведоци, во таа ноќ кога сите оџаци кобно згрчени над него како зли богови, како птици што ја чекаат својата жртва.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Кој вели тоа? пак праша човекот; не можеше да улови друга мисла во себе. - Кажи, кој?...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неочекувано една рефлекторска нишка го улови твоето око, ја предаде твојата зеница, и јас го видов оној сјај што дотогаш ми се чинеше поинаков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Или можеби паднал веќе в стапица како и тој еднаш што беше уловен во тој сив фак?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не сакаше да се збуни, да ја издаде својата изненаденост, да биде уловен и од брат му, како што беше уловен од себе си во тоа ситно, мало, безначајно откритие. „Навистина, глупаво е да се сметам за зрнце песок, за отпор на твоите води.“ Неоскрнавената белина на новата превивка на неговата рака неодоливо го привлече погледот на брат му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Овие раце, продуховени од некоја немирна страст да стигнат и да уловат нешто во теснината на оваа глува дупка, се пуштаат се напред, ја влечкаат влажната мека маса и одново, со точноста на механизам, жедно се провираат под нозете и градите на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ниеднаш не беше свикнат да не мисли на ловот пред тој да биде уловен и сега се чувствуваше некако празен од таа своја помисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За него веќе ништо не можеше да го наполни овој ден и сета онаа белина напред; таму остануваше само еден прекрасен, но не уловен лов, а еден онаков самјак можеше да остави по себе во снегот и цели коски, можеше да направи и цела една бразда крв по должината на целата трага, а пак да не падне, пак да не биде кутнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се сретна на патот и тој стори сѐ, што требаше да биде сторено, за да го улови, но оној не се даваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
3. АМИ ЕДНА СТАВА ШТО ИМА, АЈ МИ СИ ОДИ - оди си, значи, во небрано лозје да те фатат, па штом полјак те улови средсело да те води да не знаеш ни роденденот на која ти е дата...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
- Добро дечиња, - рече, - тогаш ќе си бидете гладни, бидејќи јас денеска ништо не уловив.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Туку, гледај да украдеме нешто од други куќи, или да уловиме по некој глушец.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Изутрината го најдовме како се прпелка крвав и избезумен, уловен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Решија, одејќи по брегот на блатото, да изнајдат газило и да прејдат на другата страна; најпрвин, ако стигнат, да ги уловат коњите, потоа да бараат, да го пребараат сето поле и да го фатат жив Владимира.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш за божиќните празници, допуштено беше да се улови и убие и најсветата птица, гугутката, или уште како што ја викаат во некои Пелагониски краишта, во Леринско, галицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе