турцизам м.

турцизам (м.)

Додека народот од својот ладино полн со турцизми невешто вртеше на грчки, аристократијата од грчки сѐ повеќе преминуваше на француски.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Климент Камилски, задржувајќи ја иницијативата, дури и сакаше веднаш да предложи серија од први десет најопасни турцизми, на кои требаше да им се посвети сегашната или наредната сесија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски забрзано запишуваше во својот дефтер дополнувајќи ја својата листа за десетте најопасни турцизми, но запиша многу повеќе, и за другите листи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко предложи турцизмот севап да се најде во листата на османизмите, но спротивставен на значењето на инаетот, верувајќи дека двата поими на тој начин ќе бидат најдобро разбрани, секој посебно и заедно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)