турцизам (м.)
Додека народот од својот ладино полн со турцизми невешто вртеше на грчки, аристократијата од грчки сѐ повеќе преминуваше на француски.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Татко предложи турцизмот севап да се најде во листата на османизмите, но спротивставен на значењето на инаетот, верувајќи дека двата поими на тој начин ќе бидат најдобро разбрани, секој посебно и заедно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во науката, на пример, најчесто категорично се говори за турцизми, дури и кога се знае дека во нив најголемиот број се од арапско и персиско потекло, но бидејќи тие јазици обично ги нарекуваме ориентални, логично е да се работи за ориентализми, а не за турцизми!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XXXVIII И Татко и Климент Камилски, кога се сретнаа рано утредента, беа првин согласни дека поимот на јаничарството, како што започнаа да го разгледуваат, далеку ќе ги одвлече од проектот и за да се справат на таков начин со најопасните турцизми во балканските јазици ќе им беа потребни години.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)