трепка (несв.)

Но Беличот, кој што бргу ја оцени ситуацијата, гледајќи дека инаку не ќе можат да се истргаат од рацете на кондуктерот, што се беше спречил во тесниот коридор на вагонот, го тргна Мечето за ракав и рече мирно, и не трепкајќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Белич бргу протна глава низ прозорец: далеку уште во темнината некаде, трепкаше мижлива светлина, која жто стануваше сѐ поголема, поблиска. Станица! Спасени се!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Се срамиш ли? праша издолжувајќи ја шијата и трепкајќи со солзни очи. - Не, зошто? Не се срамам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во древниот поцрнет рам уморно трепкаат две чудни очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не трепкаше, како што не трепкаат ни кленовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Слуша и само очите му трепкаат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стариот трепкаше. Не, синко, ти не ќе станеш поп. Ти си богоулник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еднаш, кога училните светилки мрзоволно ќе трепкаат, ќе го сретнам во некоја сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Мило, малечко, не се плаши! Не трепери... Јас ќе ти бидам мама...“ - шепотеше, откога се пооддалечи и беше сигурна дека никој нема да ја чуе, дека никој нема да ѝ се подбива, а врапчето лежеше беспомошно брз нејзината дланка и само трепкаше со оченцата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Нешто сепак се гледа зад сенките на дождовите: пеперутка долетува и застанува на прозорецот, трепка со крилцата, пишува врз него со жолти букви низ топол ветер мај 1978.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Долго потоа слушаат како светка в земи модра ѕвезда меѓу ребрата на нивните чеда Таа утре што ќе трепка врз тревата што ќе нѐ покрива.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го врзувам Чако, а тоа само трепка и ме гледа зачудено. Потоа клекнува и со десната нога се чеша зад увото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ти си, Велико, или не си, ми вели, и очите му трепкаат како пеперужиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не колни го детето, вели дедо, а сестра ми само гледа и трепка со очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Немам ништо скршено, му се оѕвивам и трепкам ко ласица во папратта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влезено е летото, не знам кое време од летото, брезите се јавнати од зеленило, лисјата им трепкаат ко човечки очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мишко трепкаше исплашено со очињата и, штом стигнавме со лифтот до приземјето, ја „дувна“ пред мене како стрела.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе