судбински (прил.)
Кога првите востанички истрели им дошле до глава на негушките претставници на отоманската власт и кога почнале дивите страженија со аскерот на Емби Лобуд кај селата Прахно и Цер и на некои ритчиња судбински определени за православни и муслимански гробишта, Панделиј Каламарис паднал болен од коњска кашлица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во окружувањето со компјутеризираните алтернативни светови, судбински се менува и топосот на уметноста, бидејќи уметничките облици настануваат со помош на дигитализација, а егзактните научни дисциплини веќе не можат да се раздвојат од уметноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Третиот ден од панаѓурот на Петрета му се причини како судбински.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Десетте последни денови беа резервирани за Бечеј. Градот кој судбински е врзан за Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И двата звука го славеа името господово, сплотувајќи ги луѓето кои судбински беа врзани да го делат овој животен простор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Повторно, како и тогаш, ги изусти истите зборови: - Господе, ова место каде се спојуваат реките има нешто што судбински ме поврзува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)