степа ж.
степа св.

степа (св.)

Се степаа Димовите „Грци“ и Биновите „Бугари“. Се замешаа некое време заптиите и го расипаа „муаребето“, откако се расцепија по неколку глави од двете страни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Кој е најјак на светов? да се степаат Кузман и Крвавиот капетан, кој ќе победи?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кучињата чекаа пред вратата. Им фрли по едно парче, внимавајќи да не се степаат, тие ги голтнаа лакомо, речиси без задржување в уста и со широко отворени очи пак се испречија пред Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ќе се степам со некого во моата одаа белки ќе ме преместат" — донесе решение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На платното ништо не се случуваше. Постојано нешто разговараа, никој со никого не се степа, никој не направи ништо смешно, филмот не беше ни малку страшен, ниту пак забавен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Иако тоа е страшно ризично. Посебно овде на Балканот. Поради тоа ние би можеле да се скараме, да се степаме и да се заколиме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Селаните од Горно Долно маало на с. Ошево меѓусебно се степале, се закрвавиле, уште крв што не паднало.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Лесно е да се степаме. Дајте ни го со мир, да го отпееме и да го закопаме по рисјански.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Под оној кош се степав со најдобриот другар.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)