старешина (м.)
Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Откако се советуваа двајцата со Сефедина, напишаа секој за себе по еден краток извештај и ги известија своите старешини.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Токму сиромасите му овозможуваа да си поседи кај посестримките, да им се понагледа и понасладува, правдајќи се, и пред себе и пред своите старешини, дека се задржал по царска работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Какви свадби ти влегле во умот”, му велеа старешините кога ќе ги замолеше да го пуштат, „ти си изветреан: се чека фронт да се отвори, а тебе умот ти е по свадби!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се договараат старешините, а ние слушаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ами, како те пуштија, го прашувам, како те пуштија стражарите, старешините, му велам, таму уште се тепаат...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Тогаш јас, вашиот старешина, ви ветувам дека секој од вас барем еднаш ќе се избања во кадата на кралицата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не му е важно да биде старешина на имотските сојови (а да не биде глава на сиот сој Перуноски не може, зашто е најстар и од браќата и од братучедите) но ако не го сменил од старешинството сигурно нема и да го руга, а тоа, да не го руга пред луѓево за она за кое сам тој не може да престане да не се руга, најважно му е од сѐ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Да си одиме, му вели гласно на Лазора Перуноски кој е старешина на сојовите кои живеат и работат на Имотот и негов доверлив човек.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Костадин Дамески, старешината на Потковицата, отворено го искара, отворено му рече дека зборува детиништини, дека тие работи не се прават така како што ќе му падне на умот нему или на некого нему сличен, туку така како тој, Костадин Дамчески, што поучува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не го сметал другиот Онисифор за достоен старешина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Нека те носи ѓаволот. И отишол оставајќи го селскиот старешина, ако Доце Срменков бил тоа, да ѝ се заканува на дружината, потоа да стои пред прагот на Фиданкината куќа и да се врти околу себе во страв да не биде изненаден од друг натрапник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа префрлил преку глава неколку болести, пребрзо остарувал, станал селски старешина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Каде се? - прашува старешината Раде. - Останаа долу, - вели некој. Рекоа дека ќе нѐ стигнат.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Старешината Раде го викна благајникот. Дачо вади од џебот пари и му ги подава на благајникот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
По долги и упорни бркања го фатија Џеки и старешината Раде нареди да се ликвидира.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- Но штом го вели тоа Дедо Мраз, така е. – дополни старешината.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Го знаев тоа и секогаш им велев на моиве.... – побрза да се пофали старешината.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)