стаписан прид.
стаписа св.

стаписан (прид.)

При викот мајчин народот стаписано се стресна и нејзи пат ѝ стори мал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Танасица остана така стаписана едно време и полека сфати дека не ѝ останува ништо друго освен да побрза да му каже на мажот што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но тукушто влезе, таа застана стаписана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чуварот ги замрешкари клепките, и малку збунето и малку стаписано, растегна насмев на бескрвните усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тројцата запреа стаписани. Високо над нивните глави ослепувачки блескаше големо сино око.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја жалеше Змејко и секогаш се чувствуваше стаписан од некое необразложливо чувство на вина пред таа загубена верба во своите раце кај тој старец, во нивната умешност да создаваат, да градат, додека нејзиниот недостиг стоеше во секој негов збор, во секој поглед на оние очички, што не гледаа ниеднаш право в лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стаписано застанаа и зачудено се погледнаа еден во друг.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тргнав по полето долапот мој да го барам а најдов молк и тишина и стаписана шума ја нема зелената врвица ни меѓата ниту браздата стара место тревите троскот место класјето слама.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Чекај; слушај!“ Двајцата луѓе застанаа стаписани.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За миг лежеше таму како стаписан, додека од устата и од носот му течеше темна крв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И стоевме така, стаписани, и гледавме во книгата отворена што беше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стаписано подзастана и се сврте назад. Чуварот уште ја држеше раката крената до слепоочницата во знак на отпоздрав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас останав стаписан, како од гром погоден, занемен. По неколку секунди таа како да се прибра.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мајката Перса, стаписана и стегната како во менгеме, исто не можеше да пушти солзи, туку само ги рашири рацете и Пелагија ѝ влета во мајчинската прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Томе стоеше како стаписана и збунето како од немајкаде бавно и малку несмасно ја пружи раката која Петар со огромна нежност и галантност ја зема во рака и ја бакна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)