стаписа св.
стаписан прид.

стаписа (св.)

Идеше бавно, не ни погледнувајќи во него, пречекори уште десетина пати, без и да го забележи неговото застанување, а еднаш, кога се доближи толку многу што тоа му заприлега на некој вид самоубиствена решеност на сѐ, волкот се стаписа и тој миг отскокна назадечки, како попарен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дедо Димо се стаписа. Молчеше. Не можеше да верува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Змија? - се стаписа Денко. - Змија, ами што! Има пепелашки, шарки, а нека те служи среќа да не се сретнеш со џиркалец!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Влегоа под оревот Трајанов и веќе го одминуваа кога одеднаш се стаписаа на место.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се стаписа. Едниот шатор го немаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие ќе се стаписаат лево и десно, останатите триста пушки ќе припукаат одозгора и бумбашите ќе го претрчаат обрачот, ќе се распрснат во стрелци зад грбот на потерата и ќе дадат оган со своите пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскерот се стаписа надолу и сега немаше опасност од врзувањето на обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама кога видов во мракот детски лица, и јас се стаписав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Напнаа на вратата и ја скршија. Кога погледнаа внатре, се стаписаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тогаш сите му поверуваа и се стаписаа, а војниците и полицајците се втурнаа на него, за да го фатат и да го врзат, но Димко, и ако беше дечоан, беше истеран на татка си, јак, висок и малку згрбавен, се разврти со стапот и неколкумина од нив зеде по глава.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тоа што Јанческите не знаеја или не сакаа да кажат како изгледал и што зборувал ајдутинот, (Велеа од што биле обземени од жал за стрика Анѓела и од што се стаписале од страв кога влегол ајдутинот низ Мала врата сега додаваа сам си отворил, не виделе како изгледа дури одвај и разбрале што им зборува), и тоа што не лавна ниту пес и што не шавна ништо друго што е живо, и тоа што утрото не се најдоа никакви траги ниту од Бошета ниту од ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Четворицата трчавме накај куќата на Љупчо. Зазбивтани втасавме пред дворната врата. Се стаписавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мама се стаписа: „Не си низок... за твоите години сосем си нормален...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ме изненади и се стаписав сред улица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Набра голем букет ѕвончиња и го мирисаше нивниот слаб и по малку тежок мирис кога еден звук зад него, несомнено кршење на гранче под нечија нога, го стаписа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тргна кон него, а потоа се стаписа во место.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа и понатаму продолжила да оди. Наеднаш здогледала мечка и се стаписала, мечката била седната среде патот, со ногата крената нагоре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А тој ми рече: господине, имате нешто на маицата: Јас погледнав надолу, кон стомакот и се стаписав: на мене стоеше брошот на Луција, црниот пајак со златни нозе; се беше закачил со едната нога и висеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Писателката миговно се стаписа, посака да е меѓу децата, и таа да поздравува, тоа е полесно, а на нејзиното место да е некоја друга личност.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе