сој (м.)

КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Симка ќерка ми е, не е копиле најдена, та без ред и адет да ја венчавам! Таа е од сој!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Хм! Го гледаш Костадинчета? Колку е итар, сојот му кажува!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Токо, ако му е пишано, може и да се стори. Она ми е нешчо и сој, да а обидеме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Местенцето е добро. Ни дете, ни коте, шо велаат. Човекот е домаќин, од домаќинцки сој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа беговите не се жалеа кога умираа половината од децата. – Добар сој е нашата раја – многупати си велеа некои од нив. – Нема да останеме без работници дури вака се котат како зајаци...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мачорот Сурко беше дебел, глупав мачор, вистинско чедо на својот мрзлив сој.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Без гнев во душата рече Единствено што ми останува е да се надевам во бога, но каква е неговата милост, кога по изгубениот најстар син, по толкуте опасности низ кои го изведов мојот сој, сега одново ме изложува?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да го прават тоа, да се делат на клонови, сојовите просто беа натерани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа и никогаш не се најде никој таков, песји сој, кој, притиснат од властите или купен од нив, се согласи да изврши предавство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште не можам да заверувам до кај можело да се извитопери човечкиот сој...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Лозан Перуника се вратил од почва на гримизна топлина во зелен свет на стварност, не за да го предаде својот сој и неговиот нагон туку да го надрасне густото шепотење на крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што сакаш, косата да си ја кубам? Детево треба да го изранам, да го кренам на нозе, да ми го продолжи сојот оти инаку ќе нѐ истребат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Инаку, кучињата се најумните суштества.. Само да се погоди од сој...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Гискар е едниот од нив. Во сојот на Александар, Цезар, Атила...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сојот негов опак...! Да видам до кога ќе тера инает...“ И удираше со копачката, го корнеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Двајца од ист сој“, беше филм нели?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сфатив, дека овој сој луѓе, не ги интересира некаква идна можна ситуација, ниту се спремни такво нешто да земат предвид, туку ја земаат предвид само непосредната ситуација и непосредната полза.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе