сол (ж.)

Лели за инает, еден товар сол ќе јадам, ама не му се поклонувам.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ама си ја погодила мори, Митрејце, ракијава на солта, да ти е алал!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Подобро човек леб и сол да мака ама децата да си ги има околу себе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако може нешто да завлече, арно, ако не — барем бунгур и сол ќе сомеле, расолот ќе го преточи, пиперките. Сирењето, маста да ја види, да прецеди, преточи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги симна торбите со лебот, некое парче старо сирење, сол, лук и кромид и накачи горе Влајков Шопур да набере дрва, да не го тера празно магарето, бидејќи вејќи немаше во колибата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се почуди, се помисли, го тратна малото во пепелта и солта што ги спрема порано, го извалка и го завитка во една пелена приготвена од Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Не сакам отпростум да ти го тријам носот со сол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И сол во раните на крвавите дланки. И брчки на измаченото лице како нерватура на пеперугини крилца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Поинаку“, рече агентот. „Малку сол во твојата отворена рана, малку пламен од запалка.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се знае. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите, а што е најглавно, покрај солта треба лук, цирони, киселина, некоја лажица, паница, опинци и други работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прилеп го заменија со Саботско и Воден и таму одеа на пазар колку за сол, та дури и по верските прашања се префрлија на мегленскиот владика.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така се роди неговиот ѕверски инстинкт. Претчувствата оживуваа облици и шумови, жедта, непозната досега, му ги полнеше очите со сол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Селото простум умираше: кола царевка не стигаше ни колку за една рогозина за закопнина, а килото тутун не тежеше ни колку кило сол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ана, Ана, Капсулите и бартолетовата сол извади ги од под креветот. Прво, прво тоа! Да ги сместиме во куферот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше едно мирно срнче во неговата одајка, а тоа траеше сè додека таа тупаница живот не го сети вкусот на солта. Тогаш тоа скокна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаренцето ги познаваше многу добро неговите раце и сега тоа ги лижеше нив, задржувајќи се со јазикот најмногу на неговите нокти, на јаболкцата и на подноктиците, каде што остануваа скриени зрнцата сол во поминатите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сол никаде нема! Каде најде?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Сол никаде нема. Не ми се верува да најдеш - дополни третиот дрвар.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе