солитер (м.)
Тотално реалистичен пејсаж: Вардариште, купишта смет, будложери во акција, се во сиви тонови, а над таа апокалипса се извишуваат нови солитери... Дисхармонија во просторот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Геро, штрклестиот левучар со раскрвавен палец и одрани колена на некогашната меѓумаалска полјана, а сегашниот новограден солитер, денес асистент снимател, а утре снимател, но можеби и нешто повеќе - амбициите понекогаш ги водат и способностите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)