рик (м.)

Колоната по патот се зголемуваше со луѓе од другите села и се слушаше сѐ поголем рикот на добитокот и се креваше поголема прашина по патот; колоната често се прекинуваше, застануваа луѓето да се напијат вода на изворите крај патот, да го напојат добитокот и да се одморат, да се разладат од јулската жештина , која потпалувајќи го воздухот, им правеше трептежи пред очите; ставаа на главите лисја од лопушки, гранки, 'ржаница за да ги заштитат главите од сонцето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Рикот го пресече како со меч воздухот меѓу едниот и другиот брег на реката. Екот долго се ширеше низ клисурата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исплашени од рикот и од баботот на копитата, првин орлите летнаа од стените и пркнаа кон небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Уште повеќе, тој се поткрена на перките и испушти мек рик.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сурово природни затекнати во немајкаде онемени, од вџашеност побелени можеби од премногу живот и дарба можеби од премногу набожност, паганска или премногу смрт, нагла, неправедна само се наѕираат - маргина до маргина диск до диск за вчитување на изгубеното аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете... алфа, бета, гама, делта... алеф, бет, гимал, далет... сличности на претек претци а, наоколу по којзнае кој пат преродена исчезнатата флора риган, рик, реа ни смртта не е вечна, ни смртта!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одушевена сум од рајчанината ава, кога наутро тивко ќе изгрее големото сонце проследено со кукурикањето, блеењето на овците, рикот на кравите...па ги открива раздвижените селани, ранобудници.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)