распеан (прид.)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Овчарот го скротна своето стадо кон сенките губејќи се заедно со стивнувањето на распеаните ѕвонци од овците.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Дијамантски рудници, распеани палми, шарени птици на дланка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Тогаш бевме распеани, првпат пијани и се напрегнувавме кој прв ќе ја заведе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ширум отворените прозорци пијат распеани шумови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во смешаноста на мелодиите, во бркотницата од распеани звуци, доминираше нешто одобрувачко, што ги истиснуваше мрачнините во душата на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Распеаниот глас на офицерот раскажуваше интересна епизода: ...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се плашев убавиот распеан Сократ да не го фатила лисица. 9.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Како маченици кон светлината дури се искачувавме на постела од распеана литургија плачеше младич а поплава надоаѓаше од ридовите И кога надојдоа водите и кога се искачивме на ридот гледаме летото како се ниша од гласот на младичот - врати се девојко моја горка, со златен меч сонце преполовено мое.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Низ распеаната долина, врамена со свежо зелените врвови на Чукарот, Грамадна и Гола Глава, поникнуваа и се простираа, догонувајќи се едни со други, илјадници звуци.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нежниот распеан глас на мама ја успиваше Ели...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Улам на твојот двор со распеани рози, Улам на древниот часовник што покажуваа недојдено време, Улам на оној жесток ветер од кој не потреперуваат ниту гранките ниту лисјата туку коренот в земи, улам на твоето тело што како божја заповед го свртува кон себе сонцето и го крие за да му биде визглавје на плодот во тебе.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
ВО ОВИЕ априлски студеникави дни Варна малку личи на оној распеан, расцутен град, завиен во зеленилото и полеан од жешкото сонце во летните дни, во сезоната на туризмот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бегам леден во ноќта луда, Изгубен, заболен и сам Во срцето на зборот загледан И од зборот љубен и огреан Се враќам во сонет од рими дочекан, како лебед пред смрт, распеан.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Стариот ковчег, во распеани бои, со цвеќенца, со иницијали, паѓаше в очи зашто стоеше како камен – темелник на нов дом кој почнуваше да се ѕида.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Песната на американскиот дрозд се умножи и претвори во цела шума од распеани птици.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Мислам дека нема да згрешам ако ги наречам и расапеани денови на слободата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Наместо да се истури врз него, зашто ибн Тајко претпоставуваше дека нему душата му гори од лутина поради онаа распеана раја долу, бегот сѐ уште покажуваше повеќе некаква необјаснива загриженост.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)