разденува (несв.)
Рано утредента Трајче во сонот чу: - Ајде, другари, станувајте! Веќе се разденува! Денеска нѐ чека работа...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Веќе почна да се разденува...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
- Е па да одиме, ми вели Мирче, еве веќе се разденува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А летен ден, долг како година, брзо се разденува, ама никако не се стемнува. 22
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Барем да пропеат петли, вели, да почне да се разденува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овдека само еднаш во животот се разденува, му велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така, така, до пет часот изутрина. Иследниците веќе почнуваат да се тегнат, да се проѕеваат и по тоа знам дека почнува да се разденува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се разденувало, секој не можел по ден да им се враќа на мртвите и на заборавените.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога почна да се разденува, мракот не се топеше во светлина, туку се згуснуваше во широка лента која бавно се стеснуваше во огромен флор, па во конец кој светлината го пресече како со ножици, пуштајќи нов ден во светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Нерези Разденува? Не. Тоа играат Светулките.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Знаеш, и денот не се разденува наеднаш.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сетив како ме тегне за рамото и сфатив дека се разденува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И нејзе ѝ се спиеше, а веќе почна да се разденува.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Се разденува. Пет часот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)