разденување ср.

разденување (ср.)

Не, не треба починка, не треба смирување, сето поле пукнало од здравина, па крвта е моја светло разденување од таа разгаленост, од таа убавина.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тоа беше волшебничка кугла, таа чаша што раѓа во себе разденување и примрак па после како сунѓер ја впива ноќта и ја дави месечината в катран. Тоа беше огледало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Разденувањето ги бришеше ѕвездите и полека окото се полнеше со светлина: зеленикава, па жолтеникава и на крајот азурно-сина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ќе го дочекам разденувањето, кај тебе. - Дојди да си легнеш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таму наблизу беше француската граница. Пред разденување ќе стигне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа го донесе разденувањето, кое сега беше бело и преполно со некаква чудна заискреност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Очекуваше, постојано со некој страв од секое свое движење, просто како да се вардеше да не го исплаши самото разденување, што газеше наоколу напрстечки со плаховит чекор на срна, а за сето време внимаваше да не испушти од својот поглед ниеден миг на ниеден од сртовите над себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека се такви и од сета игривост што ја имаа, во нивниот синџир беше собрана игривоста на целото тоа разденување, таа ги исполнуваше нивните само привидно стамени и одмерени движења, знаеше дека уште следниот миг дури да трпнеш можат да исчезнат, како изветреани, знаеше дека може да ги исплаши само едно мало сомнително раздвижување на воздухот, што не дошло од нив, бидејќи беа свесни дека се сами на тие своти вишини, дека тие се само нивни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше некаква црвена нијанса во тоа разденување, по што не му беше тешко на момчето да заклучи дека преку ноќта небото се изјаснило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тогаш, некаде пред разденување, малку беше сум се подзанесла, ме преварил сонот. Беше сум задремала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука ги затече разденувањето, со темницата и облаците се повлекоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со разденувањето појдоа, тешко, тетераво, секој на своја страна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќва првата група ќе даде стражари што ќе се сменуваат до разденување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некако клекнал со болка во половината што ја чувствувал пред разденување уште од првата лесновска ноќ и ја спуштил раката врз Лозановото рамо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До разденувањето се собра целото село и огнот се згасна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Простете, им пришол Васко Тушев; очите сѐ уште го болеле - ја слушал во ноќта својата песна, со разденувањето ја заборавил, останала пустош во душата; еднаш, во некоја друга ноќ, ќе се сретне со сенката на својот мртов баџанак и пријател, те чекам, дојди, ќе му рече таа сенка, и тој ќе ги подаде рацете кон сите сеќавања на својот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се уплашија од претскажувањето на крајот на времето на козите, небаре најавен со ова проклето разденување. Молњата најави дожд.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На разденување Ливајн го разбуди силна бучава, ужасен татнеж, некаде од средината на тревниот квадрат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Екипата за дератизација мошне успешно си ја извршила задачата: во раните утрински часови, на разденување, без врева, без љубопитните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Повеќе