пријави св.
пријава ж.

пријави (св.)

Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара: – Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас. – Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Везирот го испрати и овега и го пријави следниот: – Кир Герасимос, кир Дионисиос и деспот Јоакимос од Фанара, молат патријаршиски функции за деспот Јоакимоса. – Се знае – сто и шеесет илјади аспри – лаконски одговори султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На брегот на Босфорот им се пријави на гемиџиите и тие го пренесоа на другата страна; се распрашаа и го најде царскиот сарај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој носеше жолта акт - торба под мишка и замислено го слушаше забрзаното шепотење на онаа девојка што ги пријавуваше странките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И се насмевна со темна пакост на усните: „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Почекајте малку! - рече стражарот. - Треба да ве пријавам кај управникот на затворот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стражарот ги пријави и тие влегоа во канцеларијата на управникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можам да ве пријавам кај уќуматот24).
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
КИРО: Ќе те пријавам на Кајмакамот што илегално внесуваш книги.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Си мислам, а не знам која мисла од каде ми се пријавува, од каде ми се прикажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Даночниците ни бараат да пријавиме и камили.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Достасаа во Потковицата едночудо луѓе, агенти, од Тополчани, од Прилеп, од Битола, и сите од ред го распрашуваа за Јована и за неговата придружничка, но најмногу, нив, железничарите ги товареа: зошто уште веднаш не го пријавиле Јовановото заминување?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја стега и не ја пушта ни на попатните станици каде што автобусот запира за одмор, а не ја пушти ни кога стигнаа во Скопје, ни кога врвеа по улиците, ни кога дојдоа во интернатот; ја држеше и во канцеларијата на управникот на интернатот каде што татко му го внесе да го пријави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Два пријавуваш, вели, а земаш еден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И го пријавивме, го запишавме Борче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пријавете се во Црвениот крст, ми велат, ама и за таму е доцна. Море ампа, море рампа!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако се пријавив ме фати некаков чуден страв - или подобро да речам - некаква возбуда при помислата: Што ќе биде ако другарите ми се смеат...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Слушајте, имам еден френд, Србин, кој се пријави како Циган.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе