пристан (м.)

Галебе мој, не слетувај на моите очи. На тие брегови откинати ниеден пристан нема.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Заборавен вишнеам на овој црн каменест пристан со крепкост за да ја хранам неизвесноста врз мене на мојата кора пластје напластиле заплашувањата но секојпат суров бев кон слабото.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И ноќта беше ноќ за сами суштества, една и премногу придавена ноќ за една притисната до последниот, до оној најпоследниот пристан осаменост, и тој го сети многу добро тоа, склопчен во својата шумурина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А еден кораб со буре плови од бран до бран и не може да најде пристан зашто е без капетан.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
2. Точка збор, вулкан, булка - Во сонот и сонувањето, Во радоста и тагувањето, Јатка во матката, лулка Од небесно ветре лулеана, Песна уште незапеана, Дом и пристан, монистра Од ѓерданот, бемка на вратот.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Сите сакале Балканот да биде последен пристан на нивните големи освојувачки походи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, татко ми мораше по исчезнувањето на Чанга со козите во утробата на тврдината да најде некаков пристан за своите неспокојни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Парадоксално во Цариград ќе се оддалечи од Истокот за да најде траен пристан за својот дух на Западот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко уште не беше вратен од потрагата по новиот пристан на семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко бил некаде назад или напред во потрага по сигурен пристан на семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Игор Лозински, кого судбината го беше казнила на горкиот егзил во светот, напуштајќи ја Русија во пламен, најде последен пристан на истекот на реката од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ни нема таму пристан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таму сега, на дрвениот пристан заколчен во водата, се враќаат рибарските чунови со утринскиот улов: крупната риба за резиденцијалната вила и репрезентативните ресторани, а ситната за останатиот народ - спикан во шатори, приколки и селски соби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, од неговиот израз, не можеше да го забележи спокојот и задоволството на пристанот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да се надеваме дека с ќе си најде добар пристан.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе