пристане (св.)
Еда откако ме крдиса и спав рает, еда, не пристанував ноќта, не ме повтори уплавот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И многупати ноќе ќе пристанувам и ќе ја наѕирам Оливера.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пристанав со чунот на неговото место. Го врзав за колецот на брегот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Таа земја повеќе не беше наша, како што не беше ни земјата во која пристанавме.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие меѓу себе, тој со себе. Тука, му раскажуваше дедо му, пристанувале импозантни венецијански галии додека, од петнаесеттиот па до самиот крај на осумнаесеттиот век, јонскиот остров бил под власта на кралицата на Јадранот, на Неапол и на Фиренца, подоцна двапати потпаѓајќи под власта на Французите и на Англичаните, но и на Русите, за чудо, краткорочно и на Турците, за конечно во 1864 да се присоедини кон матицата Грција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)