правда ж.
правда несв.

правда (несв.)

Мислев дека нема никого, - плахо одговори Мече, како да се правда.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Знам оти невестата Доста е мајстор за готвење, та ако ѝ требат ете, и тоа купи, — рече Стојо, правдајќи се за лимуните и портокалите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Местото им помага, луѓето се итри, храбри, па дури и дрски, та ништо не можевме да направиме – почна да се правда Суљо, земајќи ја чалмата од душемето. – Е, како не можевте? – праша разбеснет кадијата. – Сите ве истепаа, што ли?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Зошто да не послуша човек малу музика, се правдаат пред жените и божем протестираат, - па што има друго во ова наше гратче?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не го правдаа, го споредуваа и имаа едно заедничко име - Омраза .
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Речиси сите мажи ги врзаа. - И ти уште Дорча ќе го гледаш? - Гревота е! И тој треба да јаде - се правдаше тој.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кај ќе се справиме ние со двесте мамзери утврдени зад такви метеризи? — почна да го правда своето бегање Тренков, што на Ацев и Тошев им ги отвори устите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Погрешија тие пезевенци, не разбраа работава, — просто почна да се правда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Барем така се правдаше Ѓуро кога се врати по востанието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Баба ми му се фрли со плачење околу вратот, а тој, како да се правда, ѝ рече: - Се загуби, Сандо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- ... Нема потреба да се правдате, - ја прекина наставничката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие се правдаат дека на судниот ден ќе се најдат под заштитата на истиот Бог, но кој е вистинскиот тие сепак не можат да одредат на овој свет!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можат да те фатат неспремен баш кога најмалку очекуваш. - Не треба да се правдаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но не одеше лесно. Луѓето се правдаа со немањето пари за водомери, а всушност, се плашеа од можна наплата на потрошената вода во иднина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден од мајсторите се правдаше дека мастерот, како што велеше тој, му е искривен. Тогаш, смени го мастерот, му викаше Симон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Немој да ми се правдаш. Знаеш каков беше договорот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Штотуку влегов - се правдаше Господ Саздов. - А ти доцниш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој пропис му се допаѓаше зашто му даваше и нему можност да се правда и му ја смируваше совеста пред недоверливите погледи и замолкот на пријателите што таа политика не ја одобруваа, но во напливот на суровите времиња не се ни осмелуваа да ја коментираат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе