правда ж.
правда несв.

правда (ж.)

Буен и со немирна природа тој никого не трпеше и бараше правда.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Под ова знаме Гоце се борел и татнел вишен небосвод, под него борец со желба горел, - за народ, правда, име и род!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Америка ја знаевме од мрачната сала на кино Аполо - земја со Индијанци и каубојци, со јунаци какви што беа Буфало Бил, Арби, Лон Чени, Мачиста, Тим Мак Кој, земја во која правдата се печали со бровнинзи и со цврсти мускули.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
КОГА СУЉО ПРИСТИГНА пред портата на кадилакот, кадијата веќе беше во својата канцеларија и седеше крај својата работна масичка над ќитапот – единствениот закон по кој ја делеше правдата на сите што идеа пред него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Под неговото длето, му се чини, подлегнува пркосен непријател во челичен оклоп и само нему му е одредено да го продупи со мечот (длетото е веќе остар меч) на човечката правда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неправда и срам за самата правда божја е тие да стојат в кауш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мисли, бидејќи јас сега нема што да мислам, осем ка смртта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе те снема на правда божја. Седум години во затвор, две години во лудница.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Одново значи: Времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И доколку времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата – вистина е дека современата македонска поезија, најсуптилно меѓу сите творечки дисциплини, откри една значајна и филозофска и психолошка посебност на македонскиот народ: неговото чувство за временска дистанца; чувстото да ја различи минливоста од трајното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Народот е немирен: бара правда и кај што нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Правдата со скршени нозе ги убиваа и ги товареа на други или ги дереа, ги распарчуваа и ги носеа горе. За месо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Белки и правдата ѝ е голема, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со мојата правда ќе седите тогаш, велам, и само мојата правда ќе ви треба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако се преместите на мојов стол и правдата ќе се премести.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најстариот меѓу нив, Симон Наконтик, со чувство дека е најповикан да ја мери правдата, веќе стоел со крената глава помеѓу пркосниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со голи раце се фрлив на бегот и, кога му ја свртев пушката со оган и врело железо да го ранува ѕидот, ги видов како се фрлаат на Турците Онисифор Проказник, Орлен Шумков, Никифор Ганевски, Арсо Арнаутче, можеби и другите што беа во собата, можеби и жената и Ганка, и ги видов како доаѓаат како ѓаволи на правдата Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Наџак-Јанко, Богдан Преслапец, можеби и другите: ревеа, бодеа со ножови и сечеа со секири, но бегот во вртењето ми ги искрши забите со кундак и ме собори, да се грчам ошумоглавено и недоубиен меѓу нозе и под нозе и да слушам машки писоци и ревење и пцости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Симон Наконтик, патник кон својот крај, повеќе тоа отколку судија и правда, се крстел со брзи, исплашени движења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од останување насамо и од темница се плашеа како вампирот од први петли, зашто веќе им го имаа стравот на комитите кои и судеа и правда делеа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа го налути Китана и тој достави барање да продолжи спорот, да се истера правдата на видело.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе