поткупи св.

поткупи (св.)

Му ја поткрена наведнатата глава и му се заѕури во големите крвави очи – Кажувај, бре сине на ѓаволот? Сега пак те поткупија?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Зошто? - Ха, мислат тие дека јас ... божем ќе ме поткупат ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одеше во Битола, во Прилеп и оттаму, којзнае по кои врати, по кои канали, поткупуваше и носеше в село.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ќе ти купам сладолед, само не кажувај им на мама и татко, - го поткупуваше таа додека стоевме пред лифтот во нашата зграда.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со што ве поткупија?... Можеби со марки... Тие имаат многу марки...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А можеби тој така ги поткупи да не го убијат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Амди Бајрам со вреќа брашно поткупуе 50 000 гласачи и праи резултатски пресврт на избори, а неговиот син Елвис Бајрам со завршено четврто одделение стануе градоначалник на Шутка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А мангупот ѝ беше зел и мерка, па и алиштенца од мајка ми ѝ подаруваше за да ја поткупи, а таа одбиваше да доаѓа зашто почнал и да ја штипка и да ја срамоти, а тој само ја „мувал“ - така ми рече кога го искарав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)